На 6 седница на Советот на Општина Чаир, одржана на 25.12.2026 година, со едногласна поддршка од советниците, беше усвоен Буџетот на Општина Чаир за 2026 година во вкупен износ од 1.604.144.521 денар, што приближно изнесува околу 26 милиони евра, согласно Законот за локална самоуправа и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Усвоениот буџет има јавен и развоен карактер и претставува клучен финансиски документ за функционирањето на општината и реализацијата на планираните активности во текот на 2026 година.
Основниот лимит на буџетот на општината за 2026 година изнесува 280.305.012 денари, додека проширувањето на буџетот преку владини проекти достигнува 458.342.267 денари, со што вкупната вредност на општинскиот буџет изнесува 738.647.279 денари.
Дотациите за основните училишта се планирани во износ од 648.095.000 денари, додека дотациите за детските градинки изнесуваат 271.912.000 денари.
Во целина, годишниот буџет на Општина Чаир за 2026 година е планиран со почитување на принципот на балансираност меѓу приходите и расходите.
Транспарентност и јавно информирање:
Буџетот на Општина Чаир е документ од јавен карактер и е достапен за увид и консултација од страна на граѓаните на официјалната веб-страница на Општина Чаир.
Извор: Општина Чаир

























