HomeОпштиниБитола: Градоначалникот на Битола во посета на ски центарот “Стражево” кај Нижеполе

Битола: Градоначалникот на Битола во посета на ски центарот “Стражево” кај Нижеполе

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше во посета на ски терените кај Нижеполе, каде имаше посетители кои уживаат во убавината на планинските предели.

Како што веќе беше објавено Општина Битола и меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.

Бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината пиејќи топол чај.

Ски центарот „Стрежево“ за сите деца обезбедува бесплатен чај.

Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

Извор: Општина Битола

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте