Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше во посета на ски терените кај Нижеполе, каде имаше посетители кои уживаат во убавината на планинските предели.

Како што веќе беше објавено Општина Битола и меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.

Бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината пиејќи топол чај.

Ски центарот „Стрежево“ за сите деца обезбедува бесплатен чај.

Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.


Извор: Општина Битола























