HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2025 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2025 година

Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 961 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесува 45 961 денар.

Во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.

Извор: Државен завод за статистика

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...