HomeМинистерстваМЗ: Јавното здравје пред комерцијалниот интерес

МЗ: Јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.

Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица не само на класични цигари, туку и на сите останати никотински производи, со воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и јавни настани.

Рекламирањето директно влијае врз започнување на пушење, особено кај младите. Со овие законски одредби се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес, појаснува министерот Алиу.

Извор: Министерство за здравство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата...

0
Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Пред вас стои предлог за разрешување на дел од министрите.  Веднаш да ви кажам, сите до еден се луѓе со...