HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Бруто плата 2026 - Најниска и највисока основица за пресметка на...

УЈП: Бруто плата 2026 – Најниска и највисока основица за пресметка на придонеси

Просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во Јануари 2026 година изнесува 69.141 денар согласно објавата од Државен завод за статистика

Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2026 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2026 година изнесува 34.570,00 денари (50% од 69.141.00)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2026 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.106.256,00 денари (16 x 69.141,00)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2026 година за самовработено лице изнесува 829.692,00 денари (12 x 69.141,00)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар. 

Просечната плата по работник во РСМ
2028 2027 202620252024
/ / 69.14163.15457.609
 20232022 20212020 2019
49.39743.50941.14138.31936.017
20182017201620152014
34.07932.87732.26831.64430.902
20132012201120102009
30.59530.59130.34929.82927.507

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2026 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

Извор: Управа за Јавни Приходи

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...