HomeМинистерстваМЗ: Симпозиум за следење на најсовремените пристапи во развојот на кардиоваскуларната медицина

МЗ: Симпозиум за следење на најсовремените пристапи во развојот на кардиоваскуларната медицина

Министерот за здравство, Азир Алиу присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика.

-Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Посебно беше потенциран активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина, истакна во своето обраќање министерот Алиу.

Министерот, меѓу другото потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел  е токму заштита и унапредување на здравјето на пациентите, имајќи предвид дека пушењето предизвикува кардио-васкуларни заболувања, кои се во подем, како кај нас,  така и во светски рамки.

Министерството за здравство останува посветено на следење на најсовремените пристапи, во континуитет ги унапредуваме условите во јавните – здравствени установи и набавка на најсовремена опрема со цел развој на здравството во државата.

Извор: Министерство за здравство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата...

0
Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Пред вас стои предлог за разрешување на дел од министрите.  Веднаш да ви кажам, сите до еден се луѓе со...