HomeМинистерстваМСПДМ: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период...

МСПДМ: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година

Министерството за  социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Извор: Министерството за  социјална политика, демографија и млади

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте