HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши - Платите на административните службеници ќе пораснат до 40%

МЕТ: Дурмиши – Платите на административните службеници ќе пораснат до 40%

Вчера Министерството за економија и труд, предводено од министерот Бесар Дурмиши, заедно со социјалните партнери – САДУ и УПОЗ – потпиша историски Колективен договор за вработените во Министерството. Ова е прв ваков договор во рамки на Министерството и претставува значаен чекор напред во унапредувањето на работничките права и условите за работа. Платите на административните службеници ќе се зголемат во три фази, почнувајќи од март 2026 до март 2028 година, а се воведуваат нови и проширени права и бенефити за вработените.

Дополнително, договорот предвидува:

  • додатоци за ноќна, сменска и прекувремена работа надоместоци за работа за време на празници
  • јубилејни награди
  • заштита од вознемирување на работното место
  • унапредени мерки за безбедност и здравје при работа

Со овој договор испраќаме јасна порака – градиме модерна, ефикасна и правична јавна администрација, базирана на почитување на трудот и силен социјален дијалог.

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...