HomeМинистерстваМЖСПП: Хоџа - Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато...

МЖСПП: Хоџа – Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, ја известува заинтересираната јавност дека започнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – Парк на природата.

Министерството заедно во соработка со општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите, повикувајќи ги да земат учество по Нацрт-законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа претставува важен чекор во процесот на транспарентно носење одлуки и трајна заштита на природните богатства на нашата држава. Настанот е закажан на 7 април 2026 година (вторник) со времетраење 11:00 – 13:15 часот во Сала за состаноци, Општина Дебрца.

Текстот на Нацрт-законот е веќе достапен за јавноста и може да се разгледа на единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР): www.ener.gov.mk и на официјалната веб-страница на МЖСПП: www.moepp.gov.mk

Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com.

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...