HomeВладаМицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова...

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Добар ден и од мене.
 
Најпрвин ќе ми дозволите да честитам за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект позади мене, ова основно училиште, проект којшто ќе значи многу за Општина Илинден.
 
Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Илинден бидејќи Општина Илинден се трансформира, се гради и тоа е добро, одлично бидејќи како што кажа и градоначалникот во неговата изјава најголемите комплименти доаѓаат од поддршката којашто ја добива неговата работа и работата на неговиот тим од страна на граѓаните.


 
Да се заблагодарам и на пратеничката којашто доаѓа од Општина Илинден којашто се бори за секој еден проект повеќе за Општина Илинден.
 
Така што кога ќе се изанализира се тогаш доаѓаме до резултат којшто е успех и јас би сакал уште многу вакви успеси во периодот којшто следи да ни се случуваат.
 
Благодарност и до граѓаните на Општина Илинден што ја поддржуваат во континуитет работата на Владата, а ние како Влада ќе продолжиме да реализираме проекти на целата територија на Македонија.


 
Нека ни е напомош денешниот ден и уште многу вакви проекти да ни се реализираат.
 
Ви благодарам.“

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...