Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, присуствуваше на работен состанок со претставници на локалните единици, од Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион, во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање на РС Македонија.
На средбата беа разгледани прашања од заеднички интерес, поврзани со процесот на воспоставување регионален систем за управување со отпад и изградба на Регионална депонија, од страна на членовите на меѓуопштинските одбори за управување со отпад од регионалните центри за развој.
Учесниците на денешната средба, кои активно се вклучени во процесот на координација и имплементација на проектот, разгледаа повеќе документи,договори за соработка, нацрт правилници, упатства за оперативно и финасиско управување и функционални анализи од технички аспект, со цел да започнат активностите за изградба на депонијата, во најкраток временски период, која ќе биде од витално значење за жителите во регионот.

Извор: Општина Куманово

























