spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Известување

Куманово: Известување

Граѓаните на Општина Кумановово се известуваат за новонастанатата состојба во врска со реализaција на проектот – Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на ул.„Моша Пијаде“. Проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт на РСМ.
Во согласност со сопствениците, за потребите и процесот на реализација на проектот, парцелите на потег од објектот на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” кон раскрсницата со кружен тек, кои се неизградени, ќе се користат за одложување на материјал, кој ќе биде вграден согласно проектот (цевки, ивичници и сл). Заради тоа, потребно е да се стабилизира и уреди земјената површина на парцелите, со употреба на локалниот материјал. По завршување на градежните работи, парцелите ќе се исчистат и ќе се вратат во претходна состојба, од страна на изведувачот.
Исто така, се известуваат граѓаните дека во наредниот период, ќе се отстрануваат постојаната  асфалтна конструкција и ивичниците по цела ширина на улицата и дека пристапот за возила на потег од ул.„100“ до кружниот тек, ќе биде отежнат, се до обезбедување на услови за повторно нормализирање на состојбата. Ова е неопходно заради намалување на ризици за безбедност при движење на граѓаните и возилата, како и заради безбедно и несметано извршување на градежните работи.

Извор: Општина Куманово

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте