spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Вовед во воспоставувањето и операционализирањето на ЛСП – регионална работилница

Куманово: Вовед во воспоставувањето и операционализирањето на ЛСП – регионална работилница

Вчера во Скопје се реализираше регионална работилница за значењето, улогата и работните активности на локалните совети за превенција (ЛСП), во рамка на општините во земјава, во организација на Одделот за поддршка на заедниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Пред присутните воведно излагање имаше асистентот на Одделот за поддршка на заедниците на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ во Скопје, Блерим Зеќири, кој ги информираше претставниците од општините за важноста и значењето на ЛСП.
На настанот се разгледуваа прашања за организацијата, функцијата, операционализирањето, конкретните процеси и улогата на полицијата во соработка со локалните совети за превенција.
Во присуство на претставници од повеќе општини и претставници од СВР – Скопје, претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, имаше излагање и презентација за формирање, активности и практични примери на ЛСП – Куманово, со цел да ги запознае учесниците на работилницата со начинот на функционирање на општинското тело, бидејќи во тек се конститутивните процеси на локалните совети за превенција на Арачиново, Карпош и Сарај.
Организаторите посебно се осврнаа на работата и континуитетот на ЛСП – Куманово, нагласувајќи дека ова општинско тело е пример за другите општини во земјава, бидејќи успешно се справува со одредени ситуации, ги штити интересите и безбедноста на граѓаните, давајќи препораки и насоки за нивна заштита, во рамки на институциите во општествениот систем.

Извор: Општина Куманово

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте