HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје...

АХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста и операторите со храна дека, согласно добиеното известување од Бугарската агенција за безбедност на храната, од 3 август 2026 година воведени се засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир)  и Златарево (Ново Село).

Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји (вклучително и од Република Северна македонија) кои се наменети за бугарскиот пазар.

Операторите кои извезуваат или вршат транспортна оваа категорија производи во Република Бугарија преку контролните пунктови на посочените гранични премини,  при планирање и реализација на пласманот на пратките, да ги имаатво предвид воведените засилени официјални контроли.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги информира операторите за сите информации од значење за непречено одвивање на трговијата и исполнување на законските барања.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте