HomeВладаМицкоски: Сум за дата-центри затоа што тоа е иднината, денес целиот свет...

Мицкоски: Сум за дата-центри затоа што тоа е иднината, денес целиот свет вака го гледа својот развој

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека поддржува дата-центри и ќе продолжи и понатаму затоа што тоа е иднината и целиот свет својот развој го гледа преку дата-центрите и вештачката интелигенција.

„Да, сум за дата-центри и ќе продолжам да бидам затоа што тоа е иднината. Затоа што денеска светот својот развој го гледа само во дата-центрите, вештачката интелигенција и нема да дозволам, прво како инженер, второ како професор, мојата земја и моите граѓани да бидат на опашката, наместо да имаат можност да бидат на челото на поворката која ќе промовира ваков тип на индустрија“, потенцира премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека токму заради тоа секоја можност која ќе се укаже за ваков тип на индустрија ќе биде зграпчена, како и тоа дека во моментов се работи на неколку такви инвестиции.

Во врска со противењето на опозицијата и нивните обиди да се повикаат на граѓаните, премиерот Мицкоски нагласи дека токму тие ја распродаваа земјата, како и тоа дека граѓаните не сакаат да се идентификуваат и не сакаат да имаат ништо со оваа опозиција.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЈА: Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка – Ги поврзуваме...

0
Зајакнување на билатералната соработка, размена на експертски знаења и добри практики и унапредување на професионалните капацитети на институциите беа во фокусот на билатералната средба...