Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија на последната седница донесе Одлука и утврди предлог текст на нов Општ колективен договор за јавен сектор.
На 29.07.2021 година до Владата беше доставен предлогот на Општиот колективен договор за јавниот сектор во кој покрај другото, ССМ предложи да се уреди правото на Регрес за годишен одмор во висина од 30% до 100% од основицата за сите вработени во јавниот сектор како и други предлози кои се исклучиво во насока на унапредување на права на работниците во јавниот сектор.
Очекуваме Општиот колективен договор за јавниот сектор да биде потпишан веднаш по завршување на локалните избори со што ќе исправиме една голема неправда спрема работниците во јавниот сектор.
Апелираме до работодавачите во јавниот сектор каде што ова работничко право веќе сме го уредиле со колективен договор да го исполнат истото во најскоро време имајки во предвид дека нема никакви законски ограничувања и истото претставува уредено право согласно со Закон и Колективен договор и претставува редовна исплата спрема вработените.