HomeОпштиниАеродром: Ново лице за улицата „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче

Аеродром: Ново лице за улицата „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улица „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект со кој, после долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед.

Со реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и условите за секојдневно функционирање на жителите. Во рамките на проектот се поставува нов асфалт, се градат нови тротоари, а целиот потег добива уреден и модерен лик.

Со проектот се реализира:

  • Целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри
  • Поставување нов тампонски слој и нов асфалт
  • Над 3.300 м² нова асфалтна површина
  • Изградба на нови тротоари со површина од 1.400 м²

Паралелно и согласно со предвидената динамика, се реализираат и активностите на улица „Лисец“ (крак лево), со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива уреден, безбеден и современ изглед.

Вредноста на проектот изнесува околу 16,5 милиони денари и се реализира со поддршка од Владата.

Општина Аеродром продолжува посветено и одговорно да инвестира во инфраструктурата и во подобрување на условите за живот во секој дел од општината, со цел создавање современа, функционална и уредена локална средина за сите граѓани.

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте