HomeОпштиниКарпош: Соопштение

Карпош: Соопштение

Општина Карпош изразува сериозна загриженост за зачестените случаи на вандализам и оштетување на урбаната опрема и детските игралиштата на цела територија на општината.

Во изминатиов период е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема.

Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на малолетни деца, дополнително ја отвара потребата од поголема грижа, одговорност и превенција. Покрај нанесената материјална штета, овде станува збор и за сериозно загрозување на безбедноста по сите граѓани на јавниот простор.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Сите досега евидентирани случаи се пријавени до Полициска станица Карпош од каде што добивме известување за поголемо присуство на полициските служби на терен како и расчистување на овие случаи.

Апелираме до сите граѓани за совесно и одговорно однесување кон урбаната опрема и јавниот простор како наш заеднички имот и навремено пријавување на секој случај на вандализам до надлежните служби.

Апелираме и до родителите за поголема информираност за движењето и однесувањето на нивните деца, како и разговори за значењето од зачувувањето на јавниот простор и последиците од несоодветното однесување.

Да го чуваме заедничкиот простор затоа што јавниот имот е одговорност на сите нас.

Извор: Општина Карпош

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте