HomeОпштиниКарпош: Во тек обнова на чешми за пиење на вода низ општината

Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење на вода низ општината

spot_img
spot_img

Во Општина Карпош во моментов се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на локалната самоуправа. Изминатите денови, старите чешмички беа заменете со нови во населбата Бардовци, Карпош 3 и Влае на плоштадот Делфина.

Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење. Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење на локациите каде што се поставени чешмите, каде можат да се разладуваат во овие топли летни денови.

Промената на чешмите ја врши фирмата ,,Хидротек”, а средствата се обезбедени во рамки на Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност. Карпош продолжува секојдневно со инвестирање и преземање активности за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте