HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје  известува дека се изготвени и електронски достапни решенијата за данок на имот за 2026 година.

Ги повикуваме сите даночни обврзници кои сè уште не се регистрирани на електронскиот портал на Град Скопје да ја извршат регистрацијата и да ги користат придобивките од електронските услуги.

На следниот линк може да се регистрирате и да  пристапите до вашиот профил на електронскиот портал на Град Скопје:

https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml

Доколку имате потреба од повеќе информации при креирање на кориснички профил може да го погледнете упатството на порталот за регистрација.

Преку порталот можете брзо, едноставно и безбедно:

– да го преземете решението за данок на имот за 2026 година;

– да извршите увид во вашите даночни обврски;

– електронски да го платите данокот на имот;

– да проверите дали имате неплатени обврски од претходните години.

Град Скопје ги повикува сите даночни обврзници навремено да го преземат своето решение и да го платат данокот на имот во законски утврдените рокови.

Воедно напоменуваме дека даночните обврзници потребно е да ги подмират заостанатите неплатени долгови, со цел да се избегне поведување постапка за присилна наплата и дополнителни трошоци.

За техничка поддршка за проблеми при регистрација на кориснички профил на порталот, граѓаните можат да се обратат  на Сектор за информатички технологии и модернизација на Град Скопје на следните е-маил адреси:

Mile.Mileski@skopje.gov.mk

Djejlan.Mehmed@skopje.gov.mk

Goran.Ilieski@skopje.gov.mk

За прашања поврзани со решението за данок на имот може да се обратите во Секторот за даноци на имот и комунални такси на следната е-маил адреса (danoci@skopje.gov.mk) и на службените меил адреси на одговорните лица наведени на официјалната веб страна на Град Скопје.

Извор: Град Скопје

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Отворен ден во општината

0
Ве покануваме на Отворен ден во Општина Карпош! Во среда, 29 јули 2026 година, од 13:00 до 17:00 часот, повелете во Хол на Општина Карпош...