HomeОпштиниОхрид: АМБАСАДОРОТ НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Охрид: АМБАСАДОРОТ НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

spot_img
spot_img

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Земјава, Н. Е. Сатибалди Буршаков.

Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. Високиот гостин  не го сокри воодушевувањето од охридските  природни и историски убавини како и богатата културна програма во лето.

На средбата  беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава  во Охрид. Двете страни го поздравија и  потпишувањето  на билатералниот  договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји,  Македонија и Казахстан чија постапка е во тек.

Казахстан е деветта по големина земја во Светот којашто изобилува со богата историја, степски предели и брз модерен развој. 

IMG_7181

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте