HomeОпштиниАеродром: Почна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Аеродром: Почна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.

Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри.

Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

„Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната инфраструктура низ Општина Аеродром. Ветивме – реализираме. Чекор по чекор, улица по улица, градиме подобар и поуреден Аеродром“, изјави градоначалникот Митески.

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте