Почитувани,
Со цел непречено отпочнување на примената на двата нови закони, Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 144/25, 252/25 и 242/26) и Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 144/25, 252/25, 266/25, 212/26 и 249/26), Министерството за јавна администрација во прилог доставува насоки (чекори) според кои треба да се одвива процесот на усогласување со новата законска регулатива.
Воедно, Министерството за јавна администрација доставува образец (урнек) на акт за изменување на постојните правилници за систематизација на работните места во институциите од јавниот сектор, врз основа на кој ќе се вршат измените на систематизациите согласно новите законски решенија.
На измените на постојните акти за систематизација им претходат низа чекори, прикажани во Известувањето во прилог, кои треба да се исполнат за да се постигне усогласување на актите за систематизација на работните места и распоредување на вработените во институциите од јавниот сектор согласно новата законска рамка.
Документите се достапни за преземање на следните линкови:
- МЈА – Циркулар 8б – Известување за начинот на усогласување со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници
МЈА – Cirkular 8b – Izvestuvanje za nacinot na usoglasuvanj so ZVJS i ZAS - Урнек за измена и дополнување на актите за систематизација на работните места согласно Законот за административни службеници
Urnek sistematizacii -usoglasuvаnje ZAS
Со почит,
Министерство за јавна администрација
































