spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиССМ ќе биде зголемено за нова членка

ССМ ќе биде зголемено за нова членка

Претседателството на ССМ на денешната седница го прифати барањето од гранскиот синдикат Прогресивнен синдикат за образование – ПСО за придружување кон семејството на грански синдикати во Сојузот на синдикатите на Македонија по што ќе му биде предложено на Советот на ССМ како највисок орган меѓу два Конгреси да го прифати барањето.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно се залага и се бори за сите работници во сите сектори вклучително и во секторот образование што е препознаено и од новиот Прогресивен синдикат за образование – ПСО.

Поради недостатокот на заштита на работниците во образованието, ССМ заедно со Прогресивниот синдикат за образование – ПСО секогаш ќе стојат во одбрана на нивните работнички права, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со ССМ да ги остварат своите права.

Прогресивниот синдикат на образование на Република Македонија е доброволна и независна организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните, работно-правните, професионалните, образовните, културните и другите права и интереси на своето членство односно на вработените во образованието.

Целите на Прогресивниот синдикат на образование се:

-постигнување на добри социјално-економски и професионален статус на членството

-заштита на правото на работа и на работниот однос;

-социјален дијалог;

-колективно договарање;

-учество во образовната политика и законодавството, согласно меѓународните стандарди;

-унапредување на условите за работа;

-права на социјално, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување;

-права на дневен, неделен и годишен одмор;

-поефикасна превентивна здравствена заштита;

-создавање мотивација за креативен и квалитетен труд за унапредување на професијата;

-обезбедување на законски гаранции на социјална заштита во случаи на појава на вишок на работници;

-остварување на меѓународна соработка.

-интернационализација на училиштата

 

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба...