Во рамки на престојот во Женева и учеството на Состанокот на потписниците на Конвенцијата за вода, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска имаше билатерална средба со Дмитри Мариасин, заменик на извршниот директор на УНЕЦЕ. На средбата разговараа за состојбите во животната средина во нашата држава, со посебен акцент на заштитата на водите.
Соговорниците искажаа задоволство од досегашната соработка и подготвеност на УНЕЦЕ за помош и поддршка на проектни решенија во процесот на подобро управување со водните ресурси во Република Северна Македонија, согласно стратешката акциска програма изработена во рамки на Дрим проектот. Заменикот на извршниот директор на УНЕЦЕ Мариасин ја поддржа иницијативата за отпочнување на активности за ратификација на протоколот за вода и здравје.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање