За јавна консултација се објавува Нацрт – план на активности за ажурирање на податоците кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за надминување на предизвиците идентификувани во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година.
МП: Јавен повик – За јавна консултација
Нацрт-планот може да го преземете од овој линк. ( https://www.pravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload//nacrtPlan_08102021.pdf )
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и граѓански организации и други здруженија, како стопански и професионални асоцијации, да достават коментари по однос на нацрт-планот и да го пријават својот интерес да учествуваат во предвидените мерки и активности. Коментарите за учество доставете ги најдоцна до 25.10.2021 година, на следната адреса за е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Пријава на интерес за учество во мерки и активности може да доставите и по горенаведениот рок, на истата адреса, со тоа што ќе ги имате предвид предвидените рокови.
Извор: Министерство за правда
Прочитајте
Кисела Вода: Уште 20 нови дигитални услуги на новата интернет страница
Продолжување дигитализацијата на општина Кисела Вода Уште 20 нови дигитални услуги на интернет страницата на општина Кисела Вода Запишување на децата во градинка по електронски пат,...