spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Јавен повик - За јавна консултација

МП: Јавен повик – За јавна консултација

За јавна консултација се објавува Нацрт –  план на активности за ажурирање на податоците кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за надминување на предизвиците идентификувани во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година.

Нацрт-планот може да го преземете од овој линк.  ( https://www.pravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload//nacrtPlan_08102021.pdf )
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и граѓански организации и други здруженија, како стопански и професионални асоцијации, да достават коментари по однос на нацрт-планот и да го пријават својот интерес да учествуваат во предвидените мерки и активности. Коментарите за учество доставете ги најдоцна до 25.10.2021 година, на следната адреса за е-пошта:  mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Пријава на интерес за учество во мерки и активности може да доставите и по горенаведениот рок, на истата адреса, со тоа што ќе ги имате предвид предвидените рокови.

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...