spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСподелуваме искуства за привлекување странски инвестиции, нашата иднина е развиена економија

Споделуваме искуства за привлекување странски инвестиции, нашата иднина е развиена економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на активностите на Самитот на Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ кој во организација на лондонски „Економист“ се одржа денеска во Скопје, се сретна со делегација предводена од потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На средбата, соговорниците ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји фокусирани на унапредување на економските односи и зголемена трговија, подобрување на условите за привлекување странски инвестиции, како и споделување на искуства за унапредување на одделни гранки, земјоделството и туризмот.

Премиерот Заев и вицепремиерот Абазовиќ како особенo значајна ја оценија соработката и поддршката на двете земји во процесот на успешна европска интеграција со продолжување на успешните структурни реформи, согласувајќи се дека продолжува соработката и преку размена на посети на високо ниво и регионална соработка меѓу Република Црна Гора и Република Северна Македонија.

На денешната средба меѓу делегациите на Северна Македонија и Црна Гора, премиерот Заев подвлече дека иднината на земјите од Балканот е во заедничкото пријателство и соработка, потенцирајќи дека и регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ отвора многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот, создавајќи услови за зајакнување на економиите и побрз влез во Европската Унија.

Беше оценето дека оваа Иницијатива има единствена цел, преку олеснување на трговијата, движењето на граѓаните и размената на искуства да се обезбеди ефикасна економска регионална соработка, отворање нови работни места, раст на Бруто домашниот производ и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните од сите земји во регионот.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...