spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Потребен е интегриран пристап во менаџирањето со водните тела – природата...

МЖСПП: Потребен е интегриран пристап во менаџирањето со водните тела – природата не познава политички граници

Втората сесија од Министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива во Триесте беше отворена за јавноста во рамките на Барколана самитoт и посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.

Министерот Нуредини во своето обраќање на панелот ги сподели предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи. Тој се осврна посебно на последните развои во соработката во рамките на Преспа парк договорот и ја истакна потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела, бидејќи природата не познава политички граници.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...