spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: ВМРО ДПМНЕ и Јакимовски само за 1 година донеле 1860 одобренија...

Карпош: ВМРО ДПМНЕ и Јакимовски само за 1 година донеле 1860 одобренија за градба, а во целиот мандат Богоев 964

Општина Карпош денеска е локална самоуправа со драстично намален долг, повеќе зеленило и со планска урбанизација. Градоначалникот Стефан Богоев и општинското раководство и покрај големата задолженост гледаат да реализираат што е можно повеќе проекти од програмите.

 

Во делот на урбанистичкото планирање, општина Карпош со конкретни докази ги поткрепи граѓанските иницијативи пред Уставниот суд и денеска во општината се укинати неколку урбанистички планови. Станува збор за ДУП-ови кои се однесуваат за урбаното јадро.

Ако се направи споредба, според Државниот завод за статистика, само во 2016 година, во мандатот на ВМРО – ДПМНЕ и Јакимовски биле донесени 1860 правосилни одобренија, а за период од три и пол години, донесени се 964 одобренија за градење.

 

– Добро е да се знае дека општина Карпош прави напор да избрише две маркици за згради во Влае и на нивно место да се предвиди простор за градинка. За жал, новата градинка во Влае доцни заради урбанистички проблеми, затоа што претходното раководство, пред се, мислеше за изградба на нови згради, а не и на предучилишни установи. Меѓутоа, во овие 3.5 години, се изгради нова градинка во Бардовци, нов објект на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, а се реконструираше и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Условите за згрижување на деца се сериозно подобрени;

 

Веќе е започната постапката за изведба на базен во близина на спортската сала „Партизан“. На 55. седница на Совет, советниците ја поддржаа Програмата за изградба на затворен базен за пливање, кој ќе го изведе Агенцијата за млади и спорт;

Завршена е изведбата на Спортско – адреналинскиот парк (кај спортско – качувачката карпа), кој за скоро ќе биде пуштен во употреба. Исто така, со поддршка на Градот Скопје се исчисти и децениската депонија до бунарите на реката Лепенец, и на овој потег, ова лето, започнува и раззеленувањето.

Затоа денеска Александар Николовски и ВМРО – ДПМНЕ немаат многу што да кажат од и за Карпош. И по последните истражувања на јавното мислење, 60 отсто од граѓаните имаат доверба во општината и градоначалникот Богоев и тие сметаат дека локалната самоуправа е главно посветена на решавање на клучните проблеми на микро ниво.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...