Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски вчера присуствуваше на завршниот настан на проектот „Занаетот моја сигурна иднина“, реализиран од страна на здруженијата “Мајка”, “Сирма” и “Коло на српските сестри”.
Проектот се реализирасогласно приоритетната област социјална кохезија и намалување на сиромаштијата. Преку овој проект 10 жени на возраст од 30 до 45–годишнавозраст од руралните средини и пригратските населби во Општина Куманово се стекнаа со диплома за фризери и базичен алат за работа.
Проектот се реализира согласно Јавниот повик за граѓански организации од Општина Куманово, а е финансиран преку програмата на Локален економски развој за 2021 година и директно влијае на зголемената можност за вработување и развој на претприемништвото.
Извор: Општина Куманово