spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Соопштение

Куманово: Соопштение

Почитувани граѓани, во врска со наводните шпекулации и презентирање на неточни информации во јавноста за дупки на одделни јавно-прометни површини во Куманово, Ве известуваме за текот на целосната постапка за наведениот случај, спроведена согласно законските прописи, кои без исклучок, уредно ги спроведува Општината. Советот на Општина Куманово има донесено Програма за поставување на урбана опрема (реклами) на подрачјето на град Куманово со техничка документација (диспозиција на урбана опрема), со бр.0801/630/18, изготвена од ДТУ “Билд Урбан ДООЕЛ”- Скопје, под бр.09-3117/5 од 14.05.2019 година, а објавена во Службен гласник на Општина Куманово, бр.6/19.

По истата Програма е спроведен јавен оглас, на кој се доделени локациите во четири пакети. По јавниот оглас и избор на најдобрите понудувачи, склучени се договори со избраните понудувачи. Согласно цитираните прописи и склучените договори, корисниците на закупените локации се должни пред поставување на рекламните паноа да изготват елаборати, врз основа на кои градоначалникот на Општина Куманово издава Одобрение за нивно поставување.

Постапката за издавање на Одобренијата е во тек. Корисниците на своја рака без соодветна документација, без точно утврдена микролокација имаат започнато со поставување на рекламните паноа. На тротоарите на булевар “Октомвриска револуција” без соодветна документација се ископани дупки за поставување на рекламни паноа и од страна на Секторот за инспекциски надзор- Инспекторат при Општина Куманово е направен вонреден инспекциски надзор, со кој се констатирани неправилности и е издадено Решение за враќање на предметните локации во првобитна состојба со рок од 10 дена.

Доколку во предвидениот рок не се преземат потребните мерки, Општината веднаш ќе ги врати во првобитна состојба на сметка на изведувачите.

 

 

 

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МСПДМ: Средба Лимани- Милер – Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од...