spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Филм за женските поворки од Долни Полог

Гевгелија: Филм за женските поворки од Долни Полог

Во Домот на културата во Гевгелија, изминатиов викенд, гевгеличани имаа можност да присуствуваат на интересен културен настан.

Во Малата сала на Народниот театар, беше прикажана филмуваната реконструкција на женските обредни поворки Лазарице од етничкиот предел Долни Полог. Инаку, кратката филмувана реконструкција беше номинирана за ГРАНД ПРИ на овогодинешниот 30-ти по ред Интернационален фестивал на етнолошки филмови во Белград, во организација на Етнографскиот музеј во Белград.

– Во обичаите и обредите е накалемена традиција како највистинит одраз на еден народ и на едно време. Реконструкцијата значи одново реинкарнирање на одреден настан кој во целост е идентичен на некогашната изведба, изјави етнокореологот Бојан Петковски, кој учествуваше во организација на настанот. Кратката филмувана реконструкција беше номинирана за Гранд при на годинашниов 30-ти Интернационален фетивал на етнолошки филмови во Белград, каде филмови од уште 24 земји од целиот свет се натпреваруваа за големата награда на Драгослав Антониевиќ.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...