Почитувани гости!
Дозволете ми, во рамките на овој состанок за албанологијата, да кажам неколку зборови за Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, што ми беше дадена како задача – да ја предводам со најголема одговорност, отворајќи ги патиштата и начините на соработка и интеракција со многу други институции низ албанските краишта и пошироко.
Всушност, имајќи го албанскиот јазик како законска должност да се применува на службени нивоа во РСМ, помагајќи им на институциите во преведувањето и лекторирањето на документите, актите, одлуките, обрасците и сите потребни официјални документи, нашата агенција врши голема работа од таа гледна точка, при што сè повеќе се докажува како одговорна институција, што го штити албанскиот јазик.
Но, покрај оваа секојдневна работа што ја работи со своите служби и тимови, АПЈ ја прошири својата дејност и во други аспекти: свесност, грижа, третман, промоција, афирмација на албанскиот јазик. АПЈ организираше и научни конференции поврзани со повеќејазичноста и предизвиците на примена на албанскиот јазик во практиката, за прашањето на преводот, за терминологијата и нејзината улога во познавањето на стручниот јазик итн. Така, може да се каже дека стана институција што ги отвори вратите за научниците и лингвистите да дебатираат и да градат стратегии за решавање на проблемите на албанскиот јазик.
Навистина, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ никогаш не била задоволна само со својата примарна улога. Таа едноставно не дозволува да остане само како техничка и административна институција, туку покажува и научни амбиции од интерес на јазикот, со составување терминолошки речници, со разни научни дебати, со одбележување на датуми поврзани со јазикот и преводот, со составување разни прирачници, со обука за преведувачи и за лектори итн. На тој начин таа постојано се грижи за албанскиот јазик не само како законска должност, туку уште повеќе како културна, научна и национална обврска.
Затоа се чувствувам горд што во оваа консултација учествуваме и како претставници на АПЈ, што значи дека сме институција можеби мала по големина, но дека можеме заедно да правиме голема нешта, постапувајќи според потребната стратегија.
Ви благодарам!
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните