Во oпштина Крива Паланка започнаа активностите за изградба на минор коритото на Крива Река, дел 3 последна фаза. Се работи на потегот од Осички мост до спортскиот комплекс, каде ќе биде изградено минор коритото во должина од 217 метри, кое понатаму ќе овозможи и партерно уредување на мајор коритото со предвидените содржини.
Во рамки на овој проект ќе биде изграден и нов пешачки мост кај спортскиот комплекс.
Изведувач на работите е градежната оператива на „Лабино Трејд“ ДООЕЛ –Гостивар, а надзор на работите е ВЕИНГ ДООЕЛ-Скопје.
Овој проект се реализира со грант од Светска банка во висина од околу 6.5 милиони денари.
Извор: Општина Крива Паланка