spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Доделени стипендиите за талентирани средношколци, студенти и спортисти 2021-2022

Крива Паланка: Доделени стипендиите за талентирани средношколци, студенти и спортисти 2021-2022

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, им ги врачи договрите на корисниците на стипендии за талентирани средношколци, студенти и  спортисти за 2021/2022 година.

Врз основа на Конечни резултати по спроведената постапка за доделување на стипендии, вкупно осум нови талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти, кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија се здобија со право на користење на истата, а вкупно шест стипендии се доделени за спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка.

Стипендијата што ја доделува Општината е во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте