spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Квалитетни комунални услуги за граѓаните со нова опрема на ЈКП Илинден

Илинден: Квалитетни комунални услуги за граѓаните со нова опрема на ЈКП Илинден

Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија.

За поквалитетно одржување на јавната чистота, одржување на јавните зелени површини и паркови набавена е професионална опрема: моторни коси, моторна дувалка, моторни ножици за кастрење жива ограда и моторен телескопски режач за жива ограда..

Со континуираното модернизирање и обновување на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните, но и придонес општина Илинден денес да биде една од најчистите општина во државата и во регионот.

ЈКП “Илинден” е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавно осветлување, стопанисување со спортските објекти на територијата на општина Илинден, како и оџачарски услуги и управување и одржување на гробишта.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте