HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата на новото детско игралиште

Илинден: Градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата на новото детско игралиште

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден кое ќе биде во рамки на Домот на култура „Илинден“.

Детското игралиште ќе биде опремено со гумен под, ќе биде оградено со панелна ограда, опремено со детски реквизити како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и партерно уреден простор со павер елементи.

Како што информира градоначалникот Георгиевски новото детско игралиште кое се наоѓа во рамките на Домот на култура Илинден и прекрасниот хортикултурно уреден двор ќе биде одлично надополнување на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, кои ќе се реализираат во наредниот период и во останатите населени места.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија