spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВевчани: Донација од господинот Митре Кутаноски

Вевчани: Донација од господинот Митре Кутаноски

Случајно запознавање преку наш иселеник со еден човек со големо срце веднаш вроди со плод.
Големите луѓето се паметат по добрите и хуманите дела. Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски во име на општината и во свое лично име изрази голема БЛАГОДАРНОСТ до господинот Митре Кутаноски наш иселеник во САД за донацијата на школски клупи и масички за ООУ “Страшо Пинџур”- Вевчани и Детската градинка “Планински цвет”- Вевчани, како и столчиња за Здравствениот дом “др. Светозар Чочороски” во Вевчани.
Господинот Кутаноски како докажан хуманист и донатор изрази подготвеност и понатака да и помага на општина Вевчани.

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...