spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕРЕК Битола е надвор од функција, јаглен има за два дена, може...

РЕК Битола е надвор од функција, јаглен има за два дена, може да снема струја и тоа е само затоа што претпријатието се користеше за тендери и испумпување пари

Почитувани,

Никогаш во историјата на РЕК Битола рударско енергетскиот комбинат не бил надвор од функција во сред грејна сезона.

РЕК Битола е рбетот на енергетскиот систем на земјата и гарант дека државата нема да остане без струја. Овој капацитет заради неспособноста на владата од утрово е надвор од функција. Откако пред неколку дена се запали трансформатор на блок 3, утрово има проблеми и со блок 1. РЕК за првпат по години не произведува струја и тоа не е не планирано, туку од неспособност во сред енергетска криза, кога цените на струјата на светските берзи рушат рекорди.

Без РЕК Битола,  хидроакумулациите и другите капацитети на ЕЛЕМ не се доволни за да ги задоволат потребите за струја на земјата без. Државата неработата на РЕК ќе ја плати прескапо.

Дури и со санирање на оштетувањата, РЕК има проблеми, на депонијата, како што официјално кажаа од власта има само 40,000 тони јаглен, тоа е гориво потребно само за 2-3 дена и тоа без комплетна работа на сите три блока.

При промена на власта во 2017 година оставивме откривка и јаглен спремен за ископ од околу 5,5 милиони тони што е еднакво на потребна количина за полн капацитет за следните 10 месеци. Оставивме 25 милиони евра депозити, 8 милиони евра на сметки, нула доспеани обврски, ремонтирани блокови, полни акумулации и огромни завршени инвестиции во хидро и термо опремата.

Секој почеток на грејната сезона бил пропратен со најмалку 200,000 тони јаглен на депонија.

Со промена на власта започна пропаста на електоенергетскиот систем во Македонија, пропаста на гигантот ЕЛЕМ и МЕПСО. Енергетските претпријатија се користеа за испумпување на пари преку тендери, за набавка на несуштински работи, а не се инвестираше во нови машини, нова механизација, во ископ на јаглен и во пронаоѓање на нови наоѓалишта.

Наспроти инвестиции, сите започнати проекти ги запреа. Откриениот јаглен го потрошија, а нова откривка не направија. Машините во рудниците тонат во вода. Водата од акумулациите ја истрошија сосема непланирано. Санација на електростатските филтри, како и десулфуризација не направија, нова помошна механизација во текот на 4 години не набавија, но затоа цутеше бизнисот за приватни ангажирања на компании кои се возеа низ РЕК Битола.

Резултат е рекордното намалување на годишното производство на електрична енергија, намалување на приходите и зголемување на трошоците. Сето ова не доведе до состојбата која ја имаме денес.

Почитувани, на светските берзи струја има криза нема. Тоа значи дека можеш да купиш струја, но по која цена?

И сега се отвора финансискиот дел од целата оваа состојба до која не доведе ова власт. Ќе набавувале јаглен во износ од десетици милиони евра. Наместо да го ископаат полесно е да го набават и провизии да си ќарат. А со вработените што ќе правиме? ЕЛЕМ го превработија за јаглен да купуваат?  Овие десетици милиони евра значат девизен одлив, значат помал бруто домашен производ, значат насочени пари на погрешно место наместо во капитални инвестиции. Дополнително на ова МЕПСО непријавено земал струја од eвропскиот енергетски систем, па сега ова ќе ги чини граѓаните казна од најмалку 15 милиони евра.

Криминалот и неспособноста креираа енергетска криза која ќе заврши со тешка финансиска криза.

Ако во јануари 2017 година имавме интервентен увоз на струја кога надворешните температури беа  до -27 степени  и јаглен не можеше да се копа и имаше криза во енергетскиот сектор во Европа, денес имаме се уште високи температури и интервентен увоз кој е многу поскап од оној во 2017-та кога беа најтешки услови во рудниците.

За ова некој ќе одговара и тоа многу брзо.

Почитувани, се додека државата ја води оваа власт народот го очекува колапс, сиромаштија и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

 

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...