Општина Куманово во партнерство со Детската фондација “Песталоци” -Троген-Швајцарија, подружница во РСМ ќе реализираат активности за спроведување на Националниот стратешки план за образование во државата 2021-2023, со цел развој на инклузивен интегриран образовен систем. Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директори на општински основни училишта “11 Октомври” и “Христијан Карпош”, потпишаа Меморандум за соработка со Детската фондација, за да се воспостави и зајакне соработката помеѓу двете страни за спроведување на проектот„Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем”.
Проектот предвидува обуки за раководниот кадар, наставниците и стручниот персонал во училиштата, како и за претставници на општините, наменети за деца, кои не се вклучени во наставата.
Извор: Општина Куманово