Актерот Петар Мирчевски, на кого му беше врачена наградата за животно дело 4 Ноември, ја продолжи традицијата на засадување дрвце во Алејата на добитниците на награди за животно дело во Градскиот парк во Битола.
Градоначалниччката Наташа Петровска истакна дека оваа традиција веќе е препознатлив белег на градот, затоа што четврта година по ред, добитниците засадуваат свое дрво, а нивните имиња остануваат трајно врежани во сеќавањата на битолчани.
Актерот Мирчевски посака како што ќе се развива засаденото дрвце, така да се развива и градот и зеленилото во него.
Извор: Општина Битола