spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ не престанува со обидите за блокада на образовните реформи и дигитализацијата

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обидите за блокада на образовните реформи и дигитализацијата

Викендов ВМРО-ДПМНЕ доживеа фијасно на протестите што ги организираше низ неколку градови низ државата, граѓаните не наседнаа на обидите за манипулација на опозициската партија.

Но дури и откако им издишаа партиските протести кои ги претставуваа како граѓански, во ВМРО-ДПМНЕ не престануваат со обидите да ги блокираат образовните реформи и дигитализацијата во образованието.

Денешните најави за наводен референдум се токму тоа, уште една во низата деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ кои уште еднаш ќе бидат поразени од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски с е против секоја реформа, против сé што е во интерес на граѓаните и на државата.

Граѓаните тоа го препознаваат и токму тоа е причината поради која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поразувани во континуитет и уште долго време ќе останат во опозиција.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...