Граѓаните на општина Пехчево своите проблеми, било да се од лична природа или пак да станува збор за проблеми со кои се соочуваат граѓаните во местото на живеење, да побараат помош или совет, секој граѓанин ќе може да ги пренесе на средбите со првиот човек на општина Пехчево, Александар Китански кои ќе се одржуваат секој вторник и четврток од 12 до 14 часот во кабинетот на градоначалникот.
Овие средби се од големо значање како за граѓаните така и за Локалната Самоуправа. На овој начин се одржува постојана комуникација со цел за подобро и ефикасно функционирање на Локалната Самоуправа.
Се апелира до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Китански да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот.
Извор: Општина Пехчево