spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Се реконструира фасадата на ООУ „Васил Главинов“

Велес: Се реконструира фасадата на ООУ „Васил Главинов“

Во ООУ „Васил Главинов“ во тек се градежни работи на реконструкција на старата со нова енергетски ефикасна фасада. Градоначалникот Колев изврши увид во текот на градежните зафати на училиштето.

Со новата термоизолациона фасада ќе се заштеди топлинска енергија и финансиски средства особено во зимските месеци.

За реконструкција на фасадата се предвидени средства во висина од 8.600.000 денари, обезбедени од блок дотациите на училиштето.

Со дополнителни средства од блок дотации во висина од 1.990.000  денари, во прва времена фаза, се изврши и замена на старите со нови ПВЦ прозорци. Се заменија и 42 прозорци во училниците и 5 прозорци во наставничката канцеларија, во износ од 2.340.000 денари, средства од блок дотации.

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

Пробиштип: ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 23 и 24 мај

0
На 23.05.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден 24.05.2024 (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши...