spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Конституиран новиот Совет на општината

Гевгелија: Конституиран новиот Совет на општината

Советот на Општина Гевгелија, на вчерашната конститутивна седница, го верифицира мандатот на новоизбраните 19 советници. На почетокот од седницата, со која претседаваше досегашниот претседател и нов член на Советот на општината, Тодор Ристов, најпрво, беше избрана Комисија за верификација на мандатот, а по верификацијата на мандатите, новоизбраните советници дадоа свечена изјава.

Според бројот на освоените гласови во новиот Совет на Општина Гевгелија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ има 9 членови (Патрик Матх, Ѓорге Попов, Елена Хаџи-Николова, Надица Ристовска, Саше Стојиловски, Слаѓана Стаменковска, Златко Митров, Андријана Бегова и Сашко Проданов). СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Гевгелија“ има 7 членови (Миле Атанасов, Билјана Демерџиева, Тодор Ристов, Софија Тошева Раманчева, Виктор Кралев, Елизабета Сивова и Александар Пандовски), додека по еден советник имаат Независната листа претставена од Томе Ќичуков, Левица со Саше Јанчев и Движењето „Одлучно за промени“- ЛДП и ДОМ со Петар Апостолов.

Советот на општината на конститутивната седница го избра и новиот состав на Комисијата за прашања на избори и именувања на Советот на Општина Гевгелија, а за претседател на комисијата беше избран советникот Саше Стоиловски. Исто така, Советот донесе Одлука за определување членови на Советот на Општина Гевгелија за присуство при склучување на брак на подрачјето на Општина Гевгелија.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...