spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСилна поддршка од нашите сојузници во НАТО за спроведување на политиките за...

Силна поддршка од нашите сојузници во НАТО за спроведување на политиките за борба против корупцијата и добро владеење

Вчера заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во рамки на работната посета на Брисел, K. Белгија, одржа состанок со директорот на Директорат за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Џејмс Х. Мекеј.

На состанокот се разговараше за досегашната соработка и придонес на нашата држава во исполнување на мисиите и целите на НАТО. Воедно, вицепремиерот Николовски, ја образложи потребата од носењето на Планот за борба против корупција и дел од мерките во Планот, со посебен акцент на екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство како и истражните центри во основните јавни обвинителства, дигитализација на порцесите, онлајн платформата за следење на предмети, Националниот регистар на вистински сопственици, предлог Законот за потекло на имот, како и за постапувањето по пристигнати претставки од граѓаните за сомнителни коруптивни случаи.

Директорот за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Мекеј, го поздрави носењето на владиониот  План за борба против корупција и мерките коишто се преземаат, посочувајќи дека се добра основа за идните владини политики во делот на зголемена транспарентност и владеење на правото.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...