Доајенот на албанското новинарство, Селадин Џезаири, којшто се пензионираше овие денови ја посети Агенцијата за примена на јазикот, каде што беше пречекан од страна на директорот Илбер Села и неговите соработници.
Во оваа прилика, Села му изрази голема благодарност за неговата професионална работа во ТВ Клан, како и за вниманието што го посветил кон АПЈ уште од нејзините почетоци, секогаш оставајќи ѝ простор да се презентираат нејзините успеси, од аспект на примената на албанскиот јазик во државните институции.
Исто така, директорот на Агенцијата му подари и неколку изданија од АПЈ, како и една гравура, во знак на сеќавање.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните