Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Јетон Шаќири на значаен работен состанок го прими претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), г-дин Пецо Грујовски, генералниот секретар, г-дин Трпе Деаноски и други членови на синдикатот.
На средбата се дискутираше за теми како што се:
· Предлог законот за административните службеници
· Предлог законот за вработените на јавниот сектор
· Платите на админстративните службеници
На крајот на средбата, министерот Шаќири и претседателот на УПОЗ Грујовски, изразија подготвеност за натамошно зголемување на соработката, за да се обезбедат најдобри можни услови за работа на вработените во органите на државната управа.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација